Откажана музичката програма по повод патронот Петровден во Кочани, родителите на настраданите со реакции

Кревајки ги високо фотографиите на своите чеда, вчеравечер семејствата на настраданите во Кочани, ја прекинаа забавата на градскиот плоштад во Кочани, пред планираниот концерт по повод патрониот празник Петровден. В.д градоначалникот Венко Крстевски, ја откажа музичката програма што беше дел од одбележувањето на Петровден. Одлуката доаѓа по силните реакции од јавноста, особено од родителите на настраданите млади, кои ја доживеаја најголемата болка. Во објава на социјалните мрежи, Крстевски напиша:

,,Откажувањето на музичкиот дел од денешниот и утрешниот настан не требаше да се случи – не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што нашата обврска е да се грижиме за сите, да го вратиме нормалното секојдневие и да покажеме дека заедништвото се гради со храброст и заедничка работа, а не со запирање на животот.

Оваа одлука иако донесена со добри намери и по консултации, истата ја преиспитувам, водејќи се од вашите емоции и потребата да се движиме напред.”, соопшти Крстевски

Вечерта пред планираниот концерт, на местото каде што требаше да се одржи настанот, семејствата и пријателите на загинатите млади запалија свеќи во знак на сеќавање. Тоа беше силен чин, кој зборуваше повеќе од секоја музика

Инаку, денеска семејствата на настраданите од пожарот во Пулс по четиринаесети пат ќе маршираат за нивнит ангели. Маршот и денес ќе започне во вообичаеното време во 18: 05 часот од градскиот парк во Кочани преку трговскиот центар, општинската зграда, до полицијата, завршувајќи пред Судот и јавното обвинителство.

Иван Митев, М-Нет