Денеска Петровден, утре Павловден, граѓаните се помолија за здравје и мир

Со мирис на темјан и ѕвонење на камбаните, низ сите православни храмови во земјава утрово се одржаа празнични литургии по повод праззникот Петровден – денот посветен на светиот апостол Петар, столбот на христијанската вера. Верниците уште рано наутро се помолија пред иконата на Св. Петар и Павле, посакувајки си здравје и благосостојба. Истовремен денеска завршува петровденскиот пост.

Инаку , Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос.  Денеска именден празнуваат Петар, Петра, Петруна, Петранка, а утре Павле и Павлина.

Иван Митев, М-Нет