
Општина Штип заштедила дури 72% повеќе во октомври 2022 од октомври 2021 година. Кочани и Карбинци, пак, повеќе заштедиле минатата година и тоа Кочани за 3%, а Карбинци за 1%. Промени во штедењето кај М. Каменица нема кога ќе се споредат двете години, а во Општина Лозово се потрошиле дури 12% од октомври минатата година.
„Податоците за заштеда на Општините, кои имаат препорака да штедат, покажуваат дека од 81, 65 општини постигнале заштед поголема од 50%. Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15%, од кои само три имаат поголема потрошувачка во октомври 2022 година, споредено со октомври 2021, а останатите 13 општини имаат намалена потрошувачка, но не постигнале заштеда од 15%“, истакна Бектеши.
Владата заштедила 32%, Собранието во октомври заштедило 22%, Кабинетот на Претседателот има заштеда од 24%, административната зграда на ЕСМ има заштеда од 25%, а кај МЕПСО 22%. Вкупната заштеда на сите државни претпријатија, агенции и управи изнесува 24%. Кај вкупно 19 јавни претпријатија во државна сопственост опфатени во анализата, вкупната заштеда изнесува 17%.
„Така согласно податоците на Електродистрибуција за заштедата на електрична енергија произлегува дека административните згради на Претседател на Република Северна Македонија, Собранието, Владата, министерства, АД ЕСМ, АД МЕПСО имаат остварено намалена потрошувачка на електрична енергија во просек од 29%, што е повеќе споредено со вкупната заштеда од 20% остварена во септември. Задоволство ми е да кажам дека сите институции во октомври имаат најмалку 15% намалена потрошувачка на електрична енергија што е согласно препораките и задолженијата кои ги донесе Владата. Пришто најмала заштеда има кај Министерството за здравство од 18%, а најголема заштеда има зградата на Министерство за образование до 58%“, додаде Бектеши.
Бектеши упати апел до сите компании и до граѓаните рационално да се користи електричната енергија, со што ќе се намалат сметките за струја.
Според министерот за економија, податоците за заштеда на електрична енергија покажуваат дека доколку сме сите рационални и не трошиме беспотребно електрична енергија може да се направат големи заштеди.
Ребека Спасова М-Нет