
На 21.11.2022 околу 22.00 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Н.Б.(30) од Пробиштип затоа што околу 14.00 часот во семејниот дом, по расправија, физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Н.Б. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.