
Од 25 јуни започнува конкурсот за пријавување за прием на средношколци во студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип и ќе трае до 10 јули. Домот располага со 236 легла, а конкурсот за студенти е во месец август. Директорката, Гордана Барбашка, упати апел до учениците кои ќе го продолжат своето средно образование во некое од училиштата во Штип, а се од друг град да се пријават на самиот конкурс.
„Нашиот студентски дом „Браќа Миладиновци“ располага со 236 легла распоредени во 46 соби. Во текот на следната недела, поточно од 25 јуни до 10 јули започнува конкурсот за прием на средношколци во ученичкиот дом. Упатуваме јавен повик до сите ученици кои ќе се запишат во средните училишта во Штип да се пријават во нашиот дом“ – вели Барбашка.
Студентите се пријавуваат електорнски, додека учениците носат пријави во хартиена форма. Во моментот заминуваат последните неколку студенти и ученици кои се сместени во домот.
„Пријава поднесуваат сите и студенти и ученици секоја година. Нема пракса ученици кои биле претходно по „дифолт“ да продолжат повторно. За студентите пријавата се електронски, а учениците пријавите се во хартиена форма.“ – додава Барбашка.
Сместувањето за учениците е бесплатно, додека студентите плаќаат половина од предвидената сума, а другата сума ја покрива Министерството за образование и наука.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет