
Десет лица кои беа повредени од пожарот во Пулс, добиваат третман со ПРП методата во кочанската Општа болница. Оваа метода дава позитивни ефекти кај повредените, за што сведочат и тие, а тоа го потврдува и директорката на болницата. Напредок е што оваа метода во вторникот се спроведе и во ккочанската болница со што повредените не мораа да заминуваат на третман во Скопје. Направена е и табела и се контактираат повредените за да можат да ја примаат оваа метода.
„Тоа е ПРП методата, значи се зема нивна крв во епруветки и понатаму се аплицира со многу тенка игличка на местата на лузните. Бенифитот кој треба да го имаме, она што го опишуваат оние кои ја примиле ПРП методата, велат дека лузните се бели, кожата им е поеластична, полесни им се движењата. Во Кочани вторпат се имплицира во вторникот со специјалисти од Скопје, а претходно беше на 6 мај.“ – вели Митровска.
Дополнително позитивни резултати има и од компресивната облека. Првата група повредени пациенти веќе ја носи, а се очекува во наредниот период да пристигне и за останатите на кои им е потребна.
„Го видовме позитивниот ефект од компресивната облека. Поголем дел од нив веќе ја носат. Се охрабруваат почесто да излегуваат, заради тоа што лузните се покриени“ – додава Митровска.
Во кочанската болница на Физикална терапија се 45 повредени пациенти, а само една пациентка оди на преврски.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет