
Од утре започнува реконструкцијата на Одделот за физикална терапија при кочанската Општа болница. Реконструкцијата е со цел Одделот на биде подготвен за да ги дочека пациентите повредени од пожарот во дискотетка Пулс кои се лекуваат во странство како и оние кои се лекуваат на скопските клиники.
„Од утре е најавена реконструкција на кочанската болница, која започнува токму од Одделот за физикална медицина и рехабилитација со цел да имаме еден подготвен оддел кој ќе ги дочека сите пациенти и тие кои се враќаат од странство и оние кои се на лекување на скопските клиники. Заедно со КБ Штип ќе направиме оперативен план како ќе бидат згрижуавни пациентите, додека трае реконструкцијата во кочанската болница.“ – вели Мирчовска.
Во однос на одморалиштето на Пониква на кое ќе се врши физикална терапија на повредените, активностите треба да завршат до крајот на оваа недела. Тим од лекари ќе бидат на Пониква каде ќе се врши самата физикална терапија, а со тоа повредените ќе ги избегнат високите дневни температури за терапија во кочанската болница.
„Во однос на Пониква физикалната терапија ќе ја обавуваат четири физиотерапевти, ќе бидат присутни медицински сестри, лекар, а ќе имаме посета на психолози и психијатри. Физикалната терапија ќе биде надгледувана од специјалист физијатар кој ке биде на Пониква во соработка со КБ Штип.“ – додава Мирчовска.
Во моментот пет од повредените пациенти се лекуваат во странство, а пет во државата. Речиси сите се евалуирани, и се поделени во пет групи согласно нивните повреди. Во првата група се најлесно повредените пациенти и овде се 36, а во петтата група се најтешко повредените кај кои е можен и хируршки зафат и овде се 16 пациенти.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет