Се продаваат четири градежни парцели за лесна преработувачка индустрија во населбата Три Чешми во Штип

Општина Штип оттуѓува четири парцели со намена за лесна иднустрија во населбата Три Чешми. На веб страницата Градежно земјиште обајавата е во тек. Градежните парцели се со различни површини,а идните сопственици можат да градат приземје и два ката. Бруто развиената површина е од 3500 до 8000 метри квадратни.

„Овие четири градежни парцели се со намена индустрија или три од нив се со намена Г2 а тоа е лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, а една од нив е индустрија за склопување на финални производи, сервиси и слично. Се работи за градежни парцели кои се со различни површини, од 2000 до 4000 метри квадратни и тоа на овие градежни парцели потенцијалите купувачи би можеле да изградат приземје и два ката или бруто развиена површина од 3500 до некаде околу 8 000 метри квадратни.“ – вели Шорова – Ангелова.

Почетната цена е 61 денар за метар квадратен, но потребна е и банкарска гаранција во износ од 300% од вредноста на самата парцела.

„Почетната цена е 61 денар метар квадратен. Сите заинтересирани во склоп на целата документација треба да достават и банкарска гаранција во износ од 300% од вредноста на парцелата. Објавата ќе трае до 7 јули, а аукцијата е на 9 јули 2025 година“ – додава Шорова Ангелова.

Освен за лесна индустрија изминатиот период во населбата Три Чешми се продаваа и плацеви за домување. Моментално се работи на патната инфратсруктура и канализациона и водоводна мрежа за да можат да се оттуѓат и останатите парцели за домување.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет