
Од сабота започнува електронското пријавување на учениците во средните училишта во Штип, кое ќе трае до 17 јуни. Сите заинтересирани основци ќе треба да се пријават преку официјалниот електронски систем, а по завршување на онлајн процесот, задолжително ќе треба да ги донесат документите за проверка во училиштата. Од средните училишта во Штип информираат да стојат на располагање за било каква помош.
,,Прво аплицираат учениците од основните училишта електронски, а потоа ќе дојдат во нашето училиште и секако доколку некој оваа информација и за родителите и за учениците неможат и не успеат електронски да аплицираат слободно можат да дојдат во нашето училиште, ние имаме тим за упис на учениците.“, рече Ристова
Потребните документи за запишувањето се свидетелства од основното образование, како и извод на кандидатот. Дополнително со документите се пресметува просекот на учениците од оценките по македонски јазик, математика, физика и англиски јазик.
Инаку, пријавувањето од сабота ќе трае до вторник и во овој временски период е важно сите ученици, да аплицираат во сите средни училиште.
Иван Митев, М-Нет