Нова прес конференција на СДСМ Штип, низа прашања упатени до градоначалникот

Нова прес конференција на ОО на СДСМ Штип, за скандалот со нафта. Прашуваат кој го потпишал договорот за нафта, додавајќи дека градоначалникот Јорданов е должен да одговори пред штипската јавност.

„Пред неколку денови поставивме јасни прашања до градоначалникот Иван Јорданов, во врска со мега скандалот за нафта тежок 18 милиони денари.

Како и вообичаено градоначалникот Јорданов сака да зборува за сѐ, освен она за што е посочен од граѓаните. Кој го потпишал договорот за јавна набавка на нафта со компанијата чии сопственик и управител се прво- и второосомничени во поднесената кривична пријава ? Градоначалниче Јорданов. Границата помеѓу неажурноста и неспособноста е тенка колку и асфалтот со којшто ги шминкате штипските улици.“ – велат од СДСМ.

Господата од СДС вака да излегуваа на прес конференции за реализираните проекти изминатите 8 години,Штип ќе беше поубаво место за живеење, вратија од Општина Штип.

„Со оглед на тоа дека деновите на власт им се избројани ,а заглавени во нивната безидејност и неспособност треба еднаш засекогаш да разберат дека во времето кое доаѓа одговорност ќе има за сите. Ќе има одговорност за тоа што народот го доведоа до питачки стап.
Ќе има одговорност за тоа што Штип нема нова клиничка болница и затворен базен.
Ќе има одговорност затоа што нема повисоки пензии за пензионерите.
Ќе има одговорност и за уништувањето на образовниот и здравствениот систем.“ – велат од општината.

Од таму посочуваат дека најголема ќе биде одговорноста пред народот за уништувањето на сонот на многу генерации !

Лаура Стојанова М-Нет