Граѓаните од населба Суитлак со реакција – местото на живеење се претвора во диви депонии

Ѓубре, отпадоци, шут – граѓаните од населбата Суитлак реагираат на свесно загадување на животната средина од страна на несовесни граѓани. Велат дека посотојано се соочуваат со слика на мини депонии кои се создаваат во нивното место на живеење. Додаваат дека реагирале и до надлежните институции и бараат да се реагира со цел да се реши овој проблем со кои се соочуваат подолг временски период. Како надлежните институции реагираат на ваквите проблеми во населба Суитлак прашавме во Оптшина Штип. Од таму велат дека се запознаени со проблемот и дека се реагира постојано за да се стопира создавањето на диви депонии.

„Информирани сме од страна на жителите на населбата Суитлак за проблемот кои го имаат со нелегалното одлагање на градежен шут и смет од страна на несовесни граѓани кои свесно ја загадуваат животната средина. Иако оваа појава претежно се случува во вечерните часови,предвидени се казни за сторителите и комуналните инспектори постапуваат по секоја пријава за нелегално депонирање на отпад. Исто така деновиве се вршеше рамнење на теренот на местата каде што нелегално се отстранува отпадот со цел оваа појава да се минимизира. Апелираме до граѓаните доколку се сведоци на нелегално депонирање на отпад од страна на несовесни граѓани да пријават во комуналниот инспекторат за понатамошно постапување. “ – велат од Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет