Сметот од Куманово од вечерва привремено ќе се транспортира и депонира на депонијата Дрисла во Скопје, откако се појави проблем со депонирањето на отпадот поради блокадата на депонијата Краста.
Информацијата ја соопштија ЈП „Чистота и зеленило“ и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој се заблагодари за поддршката од премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и менаџерскиот тим на Дрисла.
Димитриевски најави дека продолжуваат активностите за санација на депонијата Краста и надминување на проблемот со отпадот.
„Во мое лично име и во име на менаџерскиот тим на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, се извинувам на моите сограѓани кои поради блокадата на нашата депонија се соочуваат со сериозен проблем, кој ќе биде надминат во најбрз можен рок“, наведе Димитриевски во објава на Фејсбук.
Текстот Сметот од Куманово ќе се носи во Дрисла, Димитриевски им се извини на сограѓаните е превземен од МАКФАКС.