
Спектакуларниот дочек кој го организираа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, за посетата на министерот за здравство Венко Филипче во Штип, не заврши како што беше планирано. Впрочем, на пароли беше испишано: „Кој ќе преземе одговорност за смртта на луѓето?“ и „Со парите од изборите можевте да подигнете нова Клиничка болница“, но, министерот дојде од другата страна. Како и да е од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, се изјаснија на прес.
„Овие господа немаат срам. Рацете им се со крв до лактите, а тие се собираат за промотивни настани. Овој дочек за министерот за здравство е со цел да го потсетиме за состојбите во нашиот град. Венко Филипче денес е должен да каже каков е исходот од инспекцискиот надзор во Клиничката болница Штип, после смртта на пациентката од Берово. Меѓутоа Филипче оваа посета може да ја искористи и да објасни зошто неговата влада потроши милион евра, за организација и поткуп на изборите, кога истите можеа да бидат искористени и употребени за завршување на Клиничката болница.“ – стоеше во изјавата на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Штип.
Во своето обраќање, одговор на оваа прес конференција даде и министерот за здравство Венко Филипче.
„Сведоци сме со што се служи ВМРО ДПМНЕ, во целиот изминат период, со лаги, со конструкции, со клевети изместување на вистината, и сметам дека со самото тоа си го одредуваат местото кое што граѓаните јасно им го покажаа каде е“ – истакна Филипче.
Лаура Стојанова М-Нет