
Се работи на завршување на фасадата на новата Клиничка болница во Општина Штип, која се наоѓа веднаш зад сегашната постоечка болница. На денешната посета на министерот за здравство Венко Филипче, во Штип, истакна дека дел од проблемите се надминати во од, но сеуште има доста за работа.
„Сега не запре и оваа криза во 2020 година, така да административните проблеми кои што се наметнаа и во меѓувреме, се обидуваме да ги надминеме, целосно се надмина проблемот со ревизија на проектот. Јас верувам дека освен фасадата на којашто се работи, ќе може за кратко време да се работи и во внатрешноста“ – беше изјавата на министерот за здравство Филипче.
Исто така, се очекува со префрлување на пациентите позитивни од Ковид – 19, од Инфективното одделени во новата модуларна болница, чие поставување се очекува да заврши кон крајот на месец јануари, интезивно да се работи и на реновирање на инфективното одделени при Клиничката болница во Штип.
„Инвестираме во инфраструктура, медицинска опрема, здравствените работници со зголемување на платите, и за новогодишните празници за сите вработени во јавно здравствените установи во коишто работата со Ковид пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно технички персонал, болничари, транспортери, ќе добијат еднократна награда“ – кажа Филипче.
Оваа нова Клиничка болница во Штип, беше најавена пред околу 2 ипол години, и се очекуваше нејзино завршување до крајот на оваа година.
Лаура Стојанова М-Нет