Монитортинг на квалитетот и дали има присуство на тешки метали во водата на Каменичка река

Каменичкото еколошко здружение „Здравец 2002“ после надоаѓање на јаловина во Каменичка река одлучи да врши мониторинг на квалитетот на водата во неа и дали има присуство на тешки метали. Овој проект е во заедничка соработка со цивика мобилитас што се е предвидено да се реализира.

Во проектот мониториг на каменичка река се предвидени повеќе активности од тие најзначајни се: вршење на анализа на каменичка река од тешки метали и други принеси, екопатрола од членовите на еколошкото друшво, зелен телефон на кој можат да се јавуваат граѓаните и е ставена една мобилна апликација траш тракер на која со своите мобилни телефони можат диретно да поставуваат фотографии. Овој проект ќе трае 12 месеци предвидено е на крајот од проектот да се идаде една брошура каде ќе бидат изнесени сите анализи направени во тие предвидени 12 месеца.  Миран Митревски – еколошко друштво „Здравец “ М.Каменица

Како еколошко друштво основна карактеристика и нивен ангажман е да внимаваат што се се случува со природата и доколку се воспостави некоја грешка од некој тие со своја сугестија да потсетат дека животната средина е во опасност и треба да се преземе нешто за корекција.