
За време од неполн месец од Секторот за внатрешни работи Штип против 24 годишно лице е поднесен кривична пријава за постоење основи за сомнение дека сторил повеќе кривични дела кражби. Кражбите биле извршени на ниво на територија на Штип со насилно влегување во куќи и патнички возила.
„СВР Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против А.М.(24) од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојничка кражба“, две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“. Пријавениот кривичните дела ги сторил во периодот од 19.01. до 06.02.2021 на подрачјето на Штип, насилно влегувајќи во куќи и патнички возила, од каде одзел најразлични предмети.„ стоеше во изјавата на Панајотова.
Ова не се единствените кривични пријави против истото лице. Во текот на претходната година против 24 годишниот штипјанец се поднесени 9 кривични пријави.
„ Впрочем, во текот на 2020 година од страна на СВР Штип до ОЈО Штип, против А.М. се поднесени 9 кривични пријави за кривично дело „тешка кражба“ и една кривична пријава за кривично дело „кражба“.“ – истакна Панајотова.
Лаура Стојанова М-Нет
.