
Дел од Осоговските планини за прв пат по 40 години станаа заштитено подрачје. Со напорите направени од Локалната самоуправа на Општина Кочани, се подобрува ликот на единствениот Спортско рекреативен центар „Понква“ во Источниот дел на државата. Набавени се и првите 15 грла елени за резерватот „Полаки“ на Осоговски планини , по санацијата на оградата која заврши .
Овој проект со обнова на ловниот дивеч е овозможена од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.
За почеток ловниот резерват Полаки ќе се збогати со 15 грла елени што се набавени од ловиштето кај Гевгелија. Освен обновувањето на оштетената ограда , поставени се термални камери и друга опрема како дополнителна заштита на резерватот. Очекуваме негово постепено заживување и понатамошно збогатување на фондот на дивечот, со што ќе се реализираат и заложбите на Локалната самоуправа на Кочани за проширување на туристичката понуда во регионот“ – истакна градоначалникот на Кочани, Илијев.
Овој проект е реализиран со повеќе партнери, како Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, ЈП „Национални шуми“, Факултет за шумарски науки пејзажна архиктетура и еко инжинеринг, Македонско еколошко друштво и Универзитетот за применети науки во Швејцарија.
Со овој проект се подобрува популација на диви животни како и да се подобри ловниот туризам овде.
Инаку, ова претставува поен плус за привлекување на туристите од целата држава на Осоговските планини. Реконструиран е патниот правец Кочани – Пониква, пуштени во употреба двата ски лифта на стазата 1 и 3, како и жичарата, а колку што дозволуваат условите пуштено е и ноќно скијање и санкање. По долго време „Пониква“ и Осоговските планини го добиваат вистинскиот лик.
Лаура Стојанова М-Нет