300% зголемен бројот на поставеност на контејнери во Виница во последните три години

Справувањето, собиањето и складирање отпад е една од главните активности на секоја општина. Сведоци често пати сме на ѓубре и отпадоци на места кои не се таа намена, грди слики создадени токму од отпадоците кои завршиле околу контејнерите, по тротоарите и улиците. Активно се работи на проекти за поставување на контејнери на видни места низ општините, посебно за мек отпад, посебно за стакло. Се разбира голема улуга игра и свесноста на граѓаните за распределба и селектирање на отпадот кој и каде да заврши. Општина Виница, има набавено доволен број на контејнери, за различна намена поставени на разни локации во општината со цел граѓаните да се ослободуваат од отпадот и да се задржи чиста животната средина.

„Општина Виница минатата година има набавено 70 контејнери за ѓубре, а склучен е договор за контејнери за стакло, кои се поставуваат на видни места во општината. Виница до крајот на месецот ќе добие дополнителни 182 контејнери“ – истакна градоначалникот на Виница, Димитров.

Со зголемувањето на бројот на контејнери во Виница во изминатите 3 години за 300%, се овозможува намалување на грдите слики со фрлен отпад надовор од нив. Освен Општина Виница, во текот на вчерашниот ден со нови контејнери за стакло се здоби и оПштина Штип, а вакви контејнери има поставено речиси во сите општини како во Источниот дел така и во целата држава. Се спроведуваат и маркетинг кампањи за да се запознаат граѓаните кој отпад каде треба да го фрлаат, да се зголеми нивната свесност и да не се загадува животната средина. Се работи и на пуштање во функција на депонијата кај Мечкуевци каде ќе се изѓубрува отпадот од Североисточниот и Источниот дел на државата.

Лаура Стојанова М-Нет