1.300 нови столчиња за „Никола Мантов“ – ФФМ со значајна донација за фудбалот во Кочани

Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани ќе добие ново освежување на инфраструктурата, откако Фудбалската федерација на Македонија додели донација од 1.300 столчиња за потребите на стадионот.
Информацијата ја објави претседателот на ОФС Кочани, Александар Андов, кој денеска потпиша договор со кој донацијата официјално му е доделена на Општинскиот фудбалски сојуз Кочани.
Со поставувањето на новите столчиња значително ќе се подобрат условите на трибините на „Никола Мантов“, што претставува уште еден конкретен чекор во унапредувањето на спортската инфраструктура во градот.
Андов упати благодарност до претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, за значајната донација, но и за континуираната поддршка и соработка со Кочани.
Оваа инвестиција претставува важен придонес за создавање подобри услови за фудбалот, клубовите и љубителите на спортот во Кочани.