
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.А.(50) од с.Пеширово, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 06.01.2025 на свој профил на социјална мрежа, пријавениот објавил статус со кој ширел расистички и ксенофобичен материјал и промовирал омраза и нетрпеливост.