Зголемен бројот на странски туристи во државата

Зголемен бројот на странски туристи во државава, намален бројот на домашни. Според последните податоците на државниот завод за статистика, бројот на туристи во ноември од претходната 2024 изнесува 66 701, од кои речиси 70 проценти се странски , а нешто повеќе од 30 домашни. Дека бројот на странските туристи е зголемен во 2024, сведочат пресметките на државниот завод, споредбено со 2023, кога зголемениот број е за нешто повеќе од 13.9 проценти. И не само посетата, туку странските туристи бележат значително со поголем број и на ноќевања, па во пресметка 61,4 процентитие тие имаат само во ноември 2024 година, а на домашните, пресметката е некаде околу 38,6 проценти од вкупно 138 226. Бројот на ноќевања јануари-ноември 2024 година во однос на прекланската година се зголемил за 5,3 од кои 9,2 проценти се странски, а само 2,2 домашни туристи.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет