
Есенскиот шампион во Првата женска фудбалска лига, Тиверија Брера, за пролетниот дел се засили со фудбалерка од Кенија, станува збор за 33-годишната Кристине Нафула.
Се работи за искусен напаѓач кој во минатото има настапувано за неколку екипи од Кенија, има искуство настапувајќи во шампионатите на Грција, Шведска, Турција.
Со репрезентацијата на Кенија, Нафула, најголем успех направи во 2016 годиа кога се квалификуваше на Афричкиот Куп на нации.
„Околината овде е добра и одлично бев прифатена во тимот, се надевам на одлична сезона, исполнета со добри резултати, тимска и напорна работа. Многу сум возбудена што сум овде“, рече новото засилување на струмичкиот прволигаш.
Тиверија Брера во пролетниот дел има за цел обезбедување на титулата.
Александар Ванев, М-Нет