Кожуф се засили со Тони Мичковски и Грегори Давков

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со Тони Мичковски и Грегори Давков за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига.

Двете засилувања доаѓаат од таборот на Саса и ќе биде големо засилување за штипскиот стратег Трајче Сенев.

Мичковски игра на позицијата последен играч за врска, додека пак Дадвков е лев бек.

Во следните денови ќе бидат промовирани уште неколку засилувања во Гевгелија, а целта на Кожуф во пролетниот дел ќе биде директен опстанок во ВМФЛ.