Мицкоски: Граѓаните од соседните земји доаѓаат во Македонија да точат гориво

Дизел горивото во Македонија поевтино за половина евро по литат од Албанија, за 35 центи поевтино од Србија и за 30-50 центи поевтино од земјите во регионот Грција, Хрватска, Словенија и Црна Гора, истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој тврди дека граѓаните од соседните земји доаѓаат во Македонија на бензинските пумпи да точат гориво, бидејќи тука е најевтино.

,,Дизел горивото во Македонија е за половина евро по литар поевтино од тоа во Албанија, е за 35 центи поевтино од тоа во Србија, е од 30-50 центи поевтиноодсите држави во регионот, Грција, Хрватска, Словенија, Црна Гора, итн. Безразлика дали станува збор за безоловниот или за дизелот, така што ако ја оставиме политика на страна и почнеме да ги гледаме бројките ќе дојдеме до заклучок дека во моментов, бидејќи сите купуваме од исто место нафта и нафтени деривати, не купуваме од различно, граѓаните во Македонија, но и граѓаните од соседните земји, доаѓаат во Македонија, на македонските бензиски пумпи, да ги полнат резервоарите на своите автомобили и на своите превозни средства“, соопшти Мицкоски

Премиерот Мицкоски посочи дека сите земји во моментов купуваат нафта и нафтени од исто место.

Ева Тушевска, М-Нет