Дали вработен се обидел да внесе три мобилни телефони во Затворот во Штип?

Обид да се внесат три мобилни телефони во Казнено поправната установа – Затвор Штип. При претрес на ноќна смена од страна на командирот, кај виш надзорник на влезот во затворот се пронајдени три мобилни телфони. Дали ова прествува обид телефоните да завршат внатре во затворот и какви мерки ќе се преземат го прашавме директорот на затворот, Мики Тодоров. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија Тодоров вели сѐ уште е непознато за какви телефони станува збор и што барале кај варботениот.

„Вчеравчер на ноќна смена командирот направил претрес и кај еден од вработените на влезот во затворот се пронајдени три мобилни телефони. Направен е записник од негова страна, а со допис случајот е пријавен во полицска станица Штип. Вработениот тврди дека телефоните се на негов роднина, кај кој бил на посета непосредно пред да дојде на работа. Чекаме од полицијата да утврдат чии се телефоните и дали се можеби од друго кривично дело и согласно на тоа ќе се постапува во иднина“ – вели Тодоров.

Ситуацијата ја потврдуваат и од СВР Штип. Од таму велат дека пријава има и дека во тек е предистражна постапка, и повеќе информации ќе има по незјино завршување.

Лаура Стојанова М-Нет