Кејт Винслет откри дека снимањето на нејзиниот бакнеж со Леонардо ди Каприо во „Титаник“ било „кошмар“

Кејт Винслет за време на интервјуто за Vanity Fair откри дека снимањето на една од најромантичните сцени во „Титаник“ не било ни приближно толку романтично во реалноста. Станува збор за сцената каде Роуз и Џек стојат заедно и гледаат како заоѓа сонцето на хоризонтот.

Младите вљубени првпат ги испреплетуваат рацете и се бакнуваат. Иако за многу љубители на романтичните драми ова е еден од најубавите моменти во историјата на филмот, Винслет изјави дека Ди Каприо не можел да биде сериозен за време на снимањето на сцената, а наишле на некои други пречки.

„Снимањето на таа сцена беше кошмар бидејќи Лео не можеше да престане да се смее, па моравме да ја повториме сцената четири пати. Џим бараше многу специфично осветлување за оваа сцена, а зајдисонцата постојано се менуваа таму каде што бевме“, објасни Винслет.

Текстот Кејт Винслет откри дека снимањето на нејзиниот бакнеж со Леонардо ди Каприо во „Титаник“ било „кошмар“ е превземен од МАКФАКС.