Шампионот Форца се засили со репрезентативец на Колумбија!

Шампионот во футсал на Македонија, екипата на Форца од Куманово за европскиот предизвик и за новата сезона се засили со репрезентативец на Колумбија.

Станува збор за Кристијан Берио, кој всушност е првото засилување за Форца за новата сезона. Во својата кариера Берио има настапувано за Син се лехо од Колумбија потоа за перуанскиот шамшион Панта Валон, како и за Дреница во шампионатот на Косово.

Берио е одличен играч со големо искуство во футсалот на меѓународната сцена, како и успешен репрезентативец на Колумбија и повеќе од јасно е дека ќе игра важна улога во зајакнувањето и подигнувањето на нивото во тимот на Форца за новата сезона.

Екипата на Форца е шампион во Првата футсал лига на Македонија по првпат во нивната клупска историја, а го освои и Купот на Македонија со што Форца ја освои двојната круна.

Александар Ванев, М-Нет