Вардар се засили со Голабоска од Стружанка и Богоевска од Куманово!

Женскиот ракометен клуб Вардар активно работи на ростерот за новата сезона од Суперлигата, со што продолжува да потпишува и промовира нови ракометарки.

Дедниот бек Марија Голабоска од Стружанка е најновото засилување за тимот на Вардар кој е предводен од Анжела Платон.

Голабоска минатата сезона беше меѓу најдобрите играчи во тимот на Стружанка.

Во новата сезона дресот на Вардар ќе го носи и Сара Богоевска, која во Вардар пристигнува од редовите на Куманово каде настапуваше изминатите три сезони.

Прилепчанката игра на позицијата лев бек, а пред Куманово настапуваше и за Деспина.

Од клубот засега си заминаа сестрите Бојана и Борјана Коцеви, кои го засилија тимот на Металург Автокоманда, односно преминаа во директниот градски ривал.

Александар Ванев, М-Нет