Инцидент по случена сообраќајна несреќа на патот Штип – Радовиш

На 01.05.2022 во 12.40 часот на магистралниот пат Штип – Радовиш, по претходно случена сообраќајна несреќа, настанала расправија помеѓу К.М.(35) и М.И.(25) од с.Селце, штипско, од една страна и Ј.В.(55), В.В.(28) и И.В.(30), сите од Штип, од друга страна. Притоа, В.В. физички го нападнал М.И., а тој се обидел со остар и тврд предмет да ги нападне В.В. и И.В., но го погодил К.М.. Со лицата бил извршен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.