Нивите во кочанско Тркање остануваат празни, младите се иселуваат, земјоделството пропаѓа

Сеидбата на белото злато во дел од кочанското поле сѐ уште не е започната, оризот се продава по ниска цена, земјоделците велат не се исплаќа да се работи. Оризот од кочанското село Тркање држи цена по 60 денари за килограм, но произведувачите велат со тие примања не се преживува. Дополнително на ова зголемени се трошоците за ѓубре, и цената на арпата треба да биде најмалку 30 денари и тогаш нешто да остане и за нив.

„Ефтин е, џабе ни го земат. Јас продадов 11 тона по 22 денари и три денари ќе даде државата субвенции. За нас останува по нешто колку да не е без ич“

Земјоделците велат ако државата не помогне во тој случај земјоделството ќе пропадне. Нивите остануваат празни, а младите егзистенцијата ја бараат надвор од државата.

„Младите си заминаа од овде од кочанско, само старите останаа нема кој да ги работе нивите, нема сметка. Нема плата добра, затоа избегаа, ако дадат плата и овде добра младите нема да си одат“

Тешко оди и продажбата на грав. Сушната година дополнително придонела за намалување на производството, велат произведувачите од кочанско Тркање.

Народот нема пари, фирмите не откупуваат, па егзистенцијата на произведувачите на ори и грав од кочанско ставен под знак прашалник.

Лаура Стојанова М-Нет