Земјоделско-пандемиска калкулација за одбегнување на обврски

Едвај 10 проценти од земјоделците досега ги подмириле обврските за плаќање на закупнина на земјоделско земјиште. Тоа значи дека не се почитува уредбата со законска сила на  примена на Законот  за земјоделско земјиште во редовна процедура. Плаќањето на закупнината беше предуслов земјоделците да земаат субвенции.  Средствата кои се исплаќаат на име на субвенциите за многу земјоделци се единствената причина, поради која се нафаќаат да егзистираат од оваа макотрпна дејност. Но, дали пандемијата ги дестимулира земјоделците до тој момент да се откажат од правото за добивање на субвенции, дали нивната дејност годинава се покажала нерентабилна до тој степен да неможат да произведат, за да заработат и да ги платат давачките на државата кои се движат до десет евра по декар односно сто евра по хектар. Министерството за земјопделство се соочува со овој факт и покрај тоа што велат дека, во време на пандемија населението најмногу троши за храна и во значајни количини купува домашни земјоделски производи, за министерството е нејасно зошто земјоделците се повлекуваат од одговорноста за навремено плаќање на  обврските кон државата. Министерската администрација прстот го вперува кон сивата економија, нелегалните прекупци и препродавачи. Од  друга страна, земјоделците прекутно го пролонгираат одлевањето на нивните средства за подмирување на обврските кон државата се со цел државата да го заштити овој сектор откажувајќи се од овие средства. Но, иако потајно се надеваа производителите на земјоделски производи под отворено небо, не го добија очекуваниот благослов од бирократијата за опростување на долговите кон државата . Наместо тоа  денес пристигна нова уредба  – Според оваа Уредба, рокот за плаќање на годишната закупнина за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2019 година, се одложи за време на траењето на вонредната состојба и се продолжува 180 дена по престанок на траењето на вонредната состојба. Законскиот рок беше до 31 јули 2020 година, но сега земјоделците закупнината ќе можат да ја платат заклучно со 18 декември 2020 година.

Воедно, според Уредбата, до 18 декември 2020 нема да се врши еднострано раскинување на договорите за закуп поради неплатена годишна закупнина, објаснува МЗШВ.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет