Македонија У -21 против Израел освои бод со гол во последните секунди

Фудбалерите на Македонија У-21 одиграа нерешено 1:1 на теренот во спортскиот комплекс „Петар Милошевски“ во Скопје. Кога беше најпотребно да се впишат нови три бода за да се избори второто место во групата со кое се имаше надеж за пласман на Европското првенство, нашите млади потфрлија. По 8 одиграни натпревари Македонија останува на второто место со 14 бодови, два повеќе од Израел а прва е Шпанија со 19 бодови. Младите на Израел дојдоа во водство од 0:1 со голот на Елиас во 21 м. а имаа шанса за зголемување на резултатот, но голманот Ристо Јанков го одбрани пеналот кој го шутираше Алмог во 58 м. Македонија го израмни резултатот на 1:1 во последните секунди од мечот, поточно во 94 м. со голот од слободен удар на Јани Атанасов. Во вториот дел од натпреварот во игра влезе и штипјанецот Бојан Миовски кој инаку нсастапува за унгарскиот тим МТК.

До крајот на селекцијата на Македонија У-21 и остануваат да одиграат уште 2 натпревари, на 12 ноември на гости кај Израел и на 17 ноември против Црна Гора во Скопје.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk