Ракот на дојката коси во Истокот, но во Штип нема граѓански одбранбен механизам

Според Институтот за Јавно здравје Македонија се наоѓа речиси на врвот, по смртност предизвикана од рак на дојката, т.е. 279 жени умираат годишно од карцином.  Во последните 15 години ние сме една од ретките земји во која бројот континуирано расте. Секоја 8ма жена има шанси да развие или веќе развила рак на дојката. Поради не навремени прегледи, финансиски потешкотии или едноставно страв, жените се ставаат во опасност да бидат заболени од рак на дојката. Во Свети Николе ракот убива најмногу и покрај мамографот кој нуди навремени прегледи. Меѓутоа она што уште повеќе ужасува е фактот што институциите немаат прецизни податоци од што се појавува, а претпоставките водат до недоволна грижа за себе. Здружението „Борка“ од Кочани нуди барем некаква алтернатива да се спречи оваа несакана појава. И годинава со мотото „Трка за лек“се прошетаа по Кочанските улици, а собраните средства од розовите маички беа со доброволна цел. 
За разлика од Кочанчани и Светиниколчани, Штипјани сеуште тапкаат во место без конкретна организација за несаканата и опасна болест. Неофицијално бројката на заболени од рак на дојката се доста големи, но организирани  превентивни мерки од невладин сектор не се преземаат. Се поставува прашањето „зошто не се спречи,наместо да се лечи„ но одговорот и понатаму останува непознат. Оваа болест се појавува најчесто после 50та година, но не е исклучен фактот да се појави и порано. Така на пример во изминатата година 5 проценти од жените болни од рак биле на возраст од 35 години. Исто така не е тргната на страна и можноста рак на дојката да се појави и кај мажите. Од направеното ланско истражување, 218 случаеви биле жени, а 4 мажи. Истокот пак, е на високото 3то  место по смртност од рак, после Пелагонсикиот и Скопскиот регион,од кој 37 % е ракот на дојката

Маре Стојилова М Нет