Здравство ќе има и за фантом граѓани, порача министерот Азир Алиу

Здравство ќе има и за фантом граѓани и за луѓе без регулирани документи, порача денеска министерот Азир Алиу. Тој рече дека и тие ќе добијат лекарска помош кога ќе им затреба, иако не се целосно заведени во системот. Паралелно, државата ќе работи да им се среди статусот. Во процесот ќе бидат вклучени МВР и други институции.

,,Освен што се грижиме за здравјето на пациентите, кои што се дел од нашиот здравствен систем, а се граѓани на нашата држава, исто така здравјето за нас значи многу и се грижиме и за сите граѓани, кои што навистина во моментот се наоѓаат во друга група, која што не се граѓани на нашата држава или граѓани без дополнителни административни процедури завршени, фантом граѓани, кои што за нас здравјето значи многу и во моментот кога нив им треба таков тип на услуга, ние тоиме тука за да таа услуга се сервисира во реално време и квалитетно. Задоволство за нас како министерство за здравство, да одиме чекор напред, за да може овие процедури да бидат и административно завршени и од техничка гледна точка и од протоколарна гледан точка и задоволство е понатаму да работиме заедно и со МВР и со стек олдери кои што помагаат во овој процес.“, вели Алиу

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека долгогодишниот проблем со лица без државјанство е во завршна фаза на решавање. Тој посочи дека со тековните активности ова прашање се затвора и дека остануваат само мал број преостанати случаи.

,,Навистина овој децениски проблем е конечно решен и убаво е чувството да кажеме дека во Макеоднија конечно без државјанството како статус, на одредени лица е проблем кој што можеме да го оставиме барем на рамки на овие бројки кои што ги имаме сега во минатото. Голема благодарност до амбасадорто, но и на министерот.“, кажа Тошковски

Со протоколот кој што ќе биде ставењн на хартија, министерот за внатрешни Тошковски, кажа дека ќе се подобри меѓуинституционалната соработка во иднина, ќе се дефинираат чекори во иднина, како системски да се реши овој проблем. Како што додаде целта на оваа влада е да даде системски пристап кон решавање на проблемите.