
По вчерашните обвинувања од СДСМ кон Владата и Министерството за земјоделство, денеска јавно се огласи министерот Цветан Трипуновски. Тој ги отфрли тврдењата на СДСМ, оценувајќи ги како обид за создавање лажна слика, паника и револт кај земјоделците.
Трипуновски потенцира дека Владата работи транспарентно и во соработка со европските институции, обезбедувајќи континуирана финансиска поддршка за земјоделците. Министерот уверува дека средствата се сигурни и дека институциите се посветени на нивна заштита, порачувајќи дека нема причина за загриженост.
,,Сакаат да создадат лажна слика, паника и револт кај македонските земјоделци, тврдејки дека ипард средствата се блокирани, земјоделците ќе останат без поддршка. Но, денес по којзнае кој пат нивните аги паѓаат повторно во вода. Вистината излезе на виделина. Додека СДСМ се служи со конструкции и е заглавена во старата матрица на лаги, манипулации, мислејки дека ќе обезбеди некој политички поен. Ние како Влада носиме резултати и обезбедуваме пари на нашите земјоделци. Во тоа е разликата помеѓу нас. Наместо политиканство и дезинформации ние избравме транспарентност, соработка со европските институции и заштита на секој денар наменет за македонските земјоделци.“, вели Трипуновски
Трипуновски јавно ги поддржа земјоделците, апелирајќи да продолжат да аплицираат, да инвестираат и да го развиваат своето земјоделско производство. Посочи дека Владата и Министерството стојат зад нив.
,,Да продолжат да аплицираат, да инвестираат и да го развиваат нивното земјоделско производство. Владата и министерството стојат зад вас. Продолжуваме со инвестиции, модернизација и развој на овој сектор, важен за нашата држава. Ќе продолжиме со уште позасилено темпо да работиме чесно и одговорно.“, додава Трипуновски
Инаку, вчера во посета на кочанско, беше претседателот на СДСМ Венко Филипче, кој пред медиумите кажа дека има неисчистените канали за наводнување, намалените субвенции и ниските откупни цени.
Иван Митев, М-Нет