Претрес во Штип, пронајдена дрога, приведен 40-годишник

Денеска (23.10.2026) во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишиле од слобода И.Д.(40) од Штип. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со наредба од Основниот суд Штип, биле пронајдени и одземени ќеса со марихуана, ќеса со грутчеста материја, три дигитални ваги со остатоци од бела грутчеста материја и пари.

Лицето било задржано во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.