Започна предизборната кампања

Денес и официјално започна кампањата за Предвремените парламентарни избори 2020.

Партијата на власт и опозицијата ги претставија своите кандидати за пратеници од Штип.

Од ОО СДСМ Штип тоа се д-р Сашко Николов и Емилија Рамбабова,

а од ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип – Иван Јорданов, Никола Мицевски и Весна Ничева.

Како самостоен учесник, изборната кампања ја започна и политичката партија Левица. Кандидат за пратеник од оваа партија за Штип е Борислав Крмов.

Кампањата ќе трае до 12 јули на полноќ, по што ќе настапи тридневен молк

Само болните од Ковид-19, и лицата во карантин и во самоизолација, конкретно кои седум дена претходно ќе се пријават за тоа, ќе гласаат на 13 јули. Останатите кои до денот на гласање ќе бидат потврдени како позитивни или ќе одат во самоизолација нема да гласаат на 15 јули.

Болните и изнемоштените, затворениците и лицата кои се во притвор ќе гласаат на 14 јули.

Поради ситуацијата со КОВИД 19 и превентивните мерки кои ќе се спроведат периодот за гласање е продолжен. Ќе се гласа од 7 часот наутро до 21 часот навечер.