
Здужението на пензионери на Штип и Карбинци е единствен пример во државата што со сопствен буџет почна да финансира проект за изградба на Дом за стари лица во Штип. За жал, Домот кој е изграден до карабина, веќе пет години е оставен на забот на времето, изградбата не може да продолжи заради нерешениот правен статус на објекто кој е изграден над поранешниот воен ресторан во сопственост на Општината, од каде сметале дека градежните дозволи ќе ги обезбедат во од. Тоа не се случило, а не била обезбедена ниту дозвола од Министерството за одбрана, потребна заради тоа што објектот е лоциран во непосредна близина на Касарната „Јане Сандански“. Ристе Нетков, Претседател на Здружението на пензионери на Штип и Карбинци смета дека единствена шанса да се доизгради домот за стари лица е да се легализира како дивоградба.Ист став има и градоначалникот на Штип Благој Бочварски.
Во Штип има само 12 апартмани за домување, ниту еден приватен инвеститор не пројавил интерес за отворање дом за стари лица, па така штипските пензионери кои ги има над 9000 одат во домовите во Радовиш, Куманово, Берово и Неготино.Градот старее, младите се иселуваат, домови за стари треба да има во секој град, велат штипјани.
Домот за стари во Штип беше проектиран за 120 станари на 3000 метри квадратни, со основна инвестиција на Здужението и план за со доградба и функционирање на Домот со јавно и приватно партнерство.
Славица Величковска
Горан Христовски