Малиот мост е дислоциран – паркинг платформа ќе се гради

Негодувањето на штипјани и протестот кој беше организиран во петокот, не беа доволни општинската власт да ја смени одлуката втората паркинг платформа да се гради спроти Здравствениот дом „Панче Караѓозов“.

Стравот на штипјани дека навистина ќе има втора платформа се` повеќе станува реалност. Денес, штипјани беа сведоци на дислоцирањето на малиот мост кој ги поврзуваше двата кеја на река Отиња.

Наскоро ќе се започне со изградбата.

Предизборната кампањата започна денес.

Оваа одлука на општинската власт, која е дел од републичката, може да биде најлошото што ќе влијае на граѓаните на Општина Штип за тоа, за која опција ќе гласаат.