
Осум денари за килограм предадена оризова арпа ќе добијат оризопроизводителите, рече денеска на прес конференција премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Чешиново-Облешево. Финансиската поддршка ќе се однесува на предадените количини во периодот од 1 септември минатата година до 15 септември оваа година. За оваа мерка премиерот рече дека се планирани околу 100 милиони денари. Исплатата на средствата се очекува до крајот на годината, по усвојувањето на ребалансот во Собранието. Мицкоски упати и предупредување до откупувачите да се однесуваат фер кон оризопроизводителите, нагласувајќи дека секое шпекулативно однесување ќе биде ригорозно казнето.
,,Ние планираме дирекна поддршка од прилика која што ќе биде околу 8 денари по килогарам предадена оризова арпа за периодот од 1 септември минатата година до 15 септемри оваа година. Дел од средствата се веќе обезбедени во интервентниот фонд, а дел ќе дообезбедени со ребалансот на буџетот, од прилика 100 тина милиони денари, кои што ги обезбедува владата што ќе бидат исплатени до крајот на оваа година, после завршувањето и усвојувањето на ребалансот во собранието. Ја користам и оваа посета овде да упатам една јасна порака и до откупувачите дека треба да се однесуваат фер, како што и владата се однесува и како и граѓаните и оризопроизводителите се однесуваат фер, така и тие треба да се однесуваат фер, затоа што ова е двонасочна музика, не би сакале да веруваме во шпекулативно однесување од поединци затоа што тоа ќе биде ригорозно казнето.“, соопшти Мицкоски
Очекувањата, според Мицкоски, се дека со оваа мерка ќе се даде дополнителна поддршка за оризопроизводителите, а воедно ќе се вреднуваат нивниот труд и нивниот производ.
Иван Митев, М-Нет