
По предлогот на Премиерот Зоран Заев изборите да се одржат на 31 октомври годинава со цел да нема поклопување на предизборната кампања со пописот, требаше дополнителна согласност од останатите политички партии. Веднаш по тоа излегоа со став и од опозициската ВМРО ДПМНЕ. Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски последен датум за одржување на претсојните избори беше 17 октомври. Заев денеска исткана дека датумот е тој односно 17 октомври.
„ „Датумот, според предлогот од работните групи во кој учествуваат сите политички партии е 17, односно нема промени на датумот кој е утврден во самиот Изборен законик и досега. Имаше дилеми заради трите дена поклопување на пописот со кампањата, но на крајот се одлучи трите дена не менуваат ништо, пописот е активност којашто финишира преку ден, кампањите се водат навечер. Впрочем, пописот секојпат се држел 20 дена, овој пат се определени 30 дена, може навистина да се заврши порано. Има доволно време, нема потреба од какви било промени на датумот за изборите“, изјави Заев.
Тој објасни дека предлогот за прагот на поднесување на независните листи е 2 проценти од вкупниот број избирачи.
„Ако има општината 10.000 избирачи, треба 200 потписи за да се поднесе независна листа. Ако има 50. 000 избирачи, треба 1 000 потписи за да се поднесе независна листа“, додаде Заев.
Лаура Стојанова М-Нет