Маката и трудот на оризопроизводителните не се вреднува, цената на оризот ниска и незадоволителна

Макотрпната земјоделска работа и пот неисплатлива. За два месеци ќе започне жетвата на белото злато, а амбарите речиси полни со ориз од претходните години. Цената ниска, дел од субвенциите не исплатени. Ако се соберат сите трошоци кои се потребни за да се произведе оризот до состојба да може да се пласира на пазарите, истиот се продава речиси з џабе велат производителите. Никој не им ја цени работата, едвај врзуваат крај со крај, а продолжуваат да одгледуваат ориз бидејќи тоа им е единствениот начин за егзистенција.

„Оризот е 60 денари, но не може трошокот да го покрие. Тоа е макотрпна работа наша земјоделска. Субвенциите се само изговор, не ги ни дават, каснат, некој пат ги прерипат“ – велат производителите.

Пазарот во Општина Чешиново – Облешево беше слаб денеска, не само за производителите на ориз, туку и за земјоделците кои произведуваат зеленчук и овошје. Велат народ нема, но затоа што луѓето немаат пари.

Слаб денеска беше и сточниот пазар во оваа Општина. Секој се трудеше да продаде нешто плус и да заработи за парче леб, но покрај ниската цена немаше многу ниту кому да му се понуди производ за продажба. Последниот вторник од месец јули за продавачите на пазарот во Општина Чешиново Облешево не задоволителен.

Лаура Стојанова М-Нет