
Изградбата на мостот на Козјачка река во Општина Карбинци тема за прес конфернција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Карбинци. Според нив несреќната изјава на градоначлникот Насев дека мостот ќе биде завршен но новиот предвиден рок нема да биде реалност ако се продолжи со оваа динамика.
„Овде од местото каде што досега требаше да биде изграден функционален мост на Козјачка река во Карбинци, градоначалникот во заминување даде уште една несреќа изјава каде што брефираше дека само што не бил изграден, само што не бил пуштен во функција овој мост. Она што е факт и што можеме да го утврдиме од лице место е дека овој мост не само што со оваа динамика нема да биде завршен наскоро, туку и традиционалните лаги предизборни со кои што се служи господинот Насев и овој пат ќе бидат препознаени од граѓаните. Она што навистина ќе се случи за два до три месеци од сега е промената на власта и конечно заминување на господинот Насев во политичка пензија.“ изјави Виктор Паунов, Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Карбинци.
Градоначалникот на Општина Карбинци Јордан Насев, истакна дека она што го оставиле ВМРО ДПМНЕ за време на владеењето во оваа општина е пустош, непотиза, корупција и долг на општината од 24 милиони денари. За разлика од нив сегашната актуелна власт гради и ќе продолжи да гради.
„Конкретно за мостот во село Карбинци, тоа е една од најголемите капитални инвестиции по последните десетина години која е донесена. За овој мост неколку пати беше продолжуван договорот за изградба, причините беа ковид кризата, хидролошките непогодни услови кои сега се наклонети на страна на изведувачот бидејќи вода нема во реќното корито, така да изведувачот може непречено да работи“ истакна Јордан Насев, градоначалник на Општина Карбинци
Мостот на Козјачка река треба да биде завршен до крајот на септември оваа година согласно новиот пролонгиран рок кој е побаран од страна на изведувачот. Вредноста на овој мост е приближно 23 милиони денари заедно со пристапниот пат, а истиот требаше да биде првично завршен минатата година.
Лаура Стојанова М-Нет