
Во 21 век, со мали деца, без електрична енергија живеат над десетина семејства во Трајаново Трло во Кочани. Велат повеќе од една деценија живеат овде, но се уште не дочекале да им се приклучи струја и да можат да живеат како и сите останати. Децата одат на училиште па потребна им е струја, да напишат домашна задача, за лична хигиена и слично, велат овдешните жители.
„Тука живееме 12 години, внук ми има три деца, без струја не можат децата да живеат. Струја не ни пуштат. Ова биле дивоградби и не ни приклучуваат струја“ – вели Атанасова.
Барале помош од Општина Кочани и од ЕВН меѓутоа и денеска се соочиле со иста слика, струјата да има биде исклучена.
Граѓаните од Трајаново Трло во Кочани бараат да им се приклучи електрична енергија, велат ќе плаќаат редовно за да можат да живеат нормално.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет