
Дино паркот во Штип ќе биде даден под закуп. Советниците на денешната седница на Советот на Општина Штип дадоа зелено светло за оваа предлог одлука, со што општините ќе распише јавен оглас за да се избере најповолен понудувач. Ова следува со цел Дино паркот да продолжи да работи со полна пареа, да се надоградува со што би имало поголема посетеност од Штип, регионот, но и цела држава.
„Штип е општина која постојано расте и се развива утврдивме потреба дека се потребни забавни површини со цел децата почесто да остануваат овде и да поминуваат повеќе време со родителите. Така ја утврдивме потребата, а се разбира и од комуникацијата со граѓаните. Овој износ, почетната месечна закупнина од 251 073 денари произлегува од Законот кој пропишшува дека доколку еден објект се даде под закуп истиот ќе има почетна цена од 0,5% од проценетата вредност“ – вели Шорова-Ангелова.
Дополнително по давањето на Дино паркот под закуп ќе се одреди и цената на влезниците. Се ова ќе биде познато и достапно за граѓаните, за да можат да го посетуваат паркот и да уживаат во поставените содржини.
Дино паркот во Штип беше изграден пред еден месец на површина од околу 10 илјади метри квадратни. Поставени се 50 експонати од кои 20 се виртуелни диносаурси кои реагираат на сенозри се движат и испуштаат крикови. Изминатиот период и посетеноста е доста голема особено за време на викендите.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет