
Дејан Анакиев е новиот в.д. директор на КЈП Водовод Кочани. Денеска тој го доби решението од страна на новоизбраниот градоначалник доктор Владко Грозданов.
Анакиев ја презема функцијата директор на ова јавно претпријатие откако истото одреден временски период беше без прв човек. Во периодот околу вториот круг од Локални избори, Водовод беше без директор бидејќи на претходниот Мирче Паунов му помина мандатот од шест месеци како в.д. директор.
Примопредвањето на директорскара функција е утре, а се очекува поголема работа, посветеност и одоговорност во функционирањето на самото претпријатие.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет