Се рушат руинирани објекти во центарот на Штип, дополнително ќе се уредуваат истите

Продолжува рушењето на руинираните објекти во централното градско подрачје во Штип, кадешто претходно беа сместени неколку Ромски семесјтва. Откако во текот на вчерашниот ден се доделија клучевите од типските ообјекти денеска се руши и чисти просторот кој потоа ќе биде уреден и пренаменет во паркинг простор. Вчеравечер започна рушењето и на старото нервно одделение.

„Продолжува рушењето на руинираните објекти, овојпат во централното градско подрачје. Долгогодишно барање на жителите на Штип конечно да се уреди еден простор кој со години наназад е руиниран. Морам да потенцирам дека овде беа сместени неколку Ромски семејства кои во меѓувреме добија типски објекти. Денес легуваме со активност за рушење на овие два објекти.“ – вели Јорданов.

Освен овие, во центарот на градот ќе бидат срушени и други руинирани објекти, со што ќе се промени ликот на Штип. Ќе се пристапи и кон експропријација на земјиште на потегот кон населбата Три Чешми со цел продолжување на булеварот Гоце Делчев.

„Сакам да најавам и други активности поврзани со рушење на вакви руинирани објекти. Сигурно забележувате во центарот на градот има вакви локации кои имаат потреба да бидат урбанизирани. Една таква е локација која е на Станбен и деловен простор и за која Општина Штип има покренато иницијатива за оспособување, рамнење и рушење на риунираните објекти кои се наоѓаат во строгиот центар на градот. Мора потоа да се спроведе и процес на експропријација односно ДУП.“ – додава Јорданов.

Семејствата кои претходно беа сместени на овие локации добија соодветен кров над глава и се сместеми во типски објекти кај Мирјанина црква во Штип.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет