
Сработеното во претходните четири години во Општина Винца, градоначалникот Ивица Димитров денеска го презентираше пред јавноста. На 80 страници беа испишани завршените капитални инвестиции, проекти и зафати кои го подобрија изгледот на град Виница и се олесни начинот на живот на виничани. Димитров посочи дека од задолжена и унаказана општина со многу незапочнати проекти и нерешени проблеми за речиси четири години успеале да ја вратат Виница на вистинскиот пат.
„Ја подобривме патната инфраструктура каде што асфалтирафле локални и регионални патишта како и повеќе од 40 улици во градот и населните места. Поставивме бекатон плочки на мали улици, тротоари и сокаци. Решивме проблеми со канализационата и водоводна мрежа со што поставивме комплетно нови водовдни линии“ – истакна Димитров.
Во претходните четири години набавени се седум нови возила за потребите на Јавното претпријатие Солидарност и Национални шуми, а изгредени се и четири мостови додаде Димиторв.
Дополнително на ова се вложуваше и во образованието, културата и спортот, а во пресрет им се излезе и на граѓаните од ромското маало каде се изградија 22 куќи за социјално загрозените семејства. До крајот на годината се очекува реализација и на десетина други проекти, додаде Димитров. Во пресрет на претстојните избори и започнување на предизборната кампања, Димитров е првиот градоначалник од Општините од Истокот, кој даде отчет пред јавноста за сработеното во претходните четири години.
Лаура Стојанова М-Нет