
Намален бројот на дневно аплицирани вакцини на половина од претходно. Медицинските лица напоменаа дека вакцинацијата тече непречено. Меѓутоа, за разлика од претходната недела кога бројот беше од 300 – 320, сега истиот е помеѓу 150 и 200.
„Вакцинацијата тече непречено. Влезот е слободен за сите заинтересирани граѓани. Се вакцинира со „Синовак“, „Фајзер“ и „АстраЗенека“ за граѓани над 60 години. Вакцинацијата е отворена и за деца над 12 години, се вакцинира со „Фајзер“ до 18 години, само со „Фајзер“. Во текот на денот имаме вакцинација околу 150, во кој што повеќето се за ревакцина, но има и заинтересирани за прва доза“, рече д-р Ана Бурева, заменик координатор за вакцинација.
Вакциналниот пункт во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ за работи секојдневно и во две смени, а како што велат од таму овој начин на работа е погоден за да се излезе во пресрет на сите заинтересирани граѓани.
„Здравствениот дом продолжува со работа во две смени. Граѓаните од 7:00 до 19:00 можат слободно да се упатат во пунктот за вакцинација“, додаде Бурева.
Според информации од МЗ, вкупно се аплицирани 1.220.000, а две дози вакцина примиле повеќе од 500 илјади граѓани. Во текот на вчерашниот ден вкупно се аплицирани 11.883 вакцини, од кои 7.625 први дози.
Досега 51% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина, а 26% од населението над 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина.
Ребека Спасова МНет