
5 нови хоспитализирани пациенти во Клиничката болница Штип во последното деноноќие, 2 оздравени и 1 починат како последица од Ковид – 19. Починатото лице е на 79 годишна возраст. Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 64 амбулантски прегледи, но сега има хоспитализација кај 43 активни случаи на Ковид – 19. Од вкупниот број, 17 биле вакцинирани односно скоро 39%. Дури 77%, односно 33 пациенти се со тешка клиничка слика и имаат потреба од кислородна поддршка. Бројот на новозаразени се зголемува и на територија на цела држава, во текот на вчерашниот ден надмина 1000, а само 21 беа од Штип.
Болниците се полнат, а конкретно во модуларната болница во Штип сега има 7 слободни места. Овде се препраќаат и пациенти од Кочани, па од таа причина модуларната таму сè уште не е отворена, но ќе се отвори во случај да се пополнат местата во Штип.
Во Кочани во текот на вчерашниот ден имаше 10 оздравени пациенти, но и 14 новозаразени случаи. Во источниот регион нема град кој нема активни случаи на Ковид – 19 и сите градовите имаат над 15 активни случаи. Во Штип се најмногу, каде бројот надмина 100.
Бројот на активни случаи на територија на цела држава веќе надмина 13.000, додека бројката на оздравени пациенти заклучно со вчера е скоро 154.640.
Ребека Спасова МНет